Новинарот Ивор Мицковски е зачуден од акцијата „Повеќе зелено“ во организација на СДСМ за пошумување со 10 000 садници, спроведена еден ден по „ладниот туш“ од Брисел од каде Македонија не доби поддршка за отпочнување на преговори си Европската унија.
„Абе овие се пресмешни од владава, им пропадна ЕУ пред очи, дадоа по една заканувачка изјава, едно фалбаџиско интервју на премиер и ене ги денес од што не знаат што да прават, отишле да пошумуваат.
СДСМ копира идеи на ВМРО-ДПМНЕ, само им го менува името
Трејдмарк булшит ПР техниката на Грујо кога ќе не усе*еше меѓународно, изгледа е заразна.
А усе*еш политика и наратив, иди по планини, шуми и пасишта и дружи се со дрвцата.
Дрва едни…“ вели во објава на Фејсбук Мицковски






