Новинарот Ивор Мицковски реагира на уништената и без перспективи патна инфраструктура во земјата.
„Ама еве уште едно поле на кое сте скапаници живи.
5 км Велес-Скопје се прават повеќе од 2 години. Па пресмешно е што таблата за автопатот Пријателство е фрлена во ливада и така си стои.
Тој за Блаце е епски со едвај изградени 2 км за 6 години.
Кичево-Охрид се претвори во нуклеарна програма, за 8 години се спичкани скоро милијарда, до нигде не е.
А, па дека Скопје-Гевгелија или Скопје-Охрид или Куманово, може да се наречат автопати, кршои од патишта, сечени, лепени и крпени.
Важно плаќаме најскапи патарини, парите инвестирани никој не ги видел, а може да замислиме што се случува во западна Македонија каде парите идат директно во партиски џебови.
И само се слуша Ќе, Ќе, ЕУ, ЕУ, уста полна фалби, а реалноста дупка без дно.
Па Албанија и Косово изградија повеќе автопати во 5 години од Македонија во 30.
Уствари тоа станавме ние, кружен тек на Балканот, накитени со споменици и дивоградби“.
ФБ статус на новинарот Ивор Мицковски






