Нашата Влада има сериозен проблем со реалноста и сопствениот отупен наратив за кој скапо плаќа, а ништо не добива, вели во објава на социјални мрежи новинарот Ивор Мицковски..
„И после ужасниот извештај на ЕК, дека нема напредок во правосудниот систем, ниту во превенцијата и борбата со корупцијата, они и понатаму си тераат со повеќе од истата празна демагогија: Прво Уставни, па после реформи.
Тој наратив од страна на ЕК и Фон дер Лејен им беше разбиен уште во Тирана, па и сега во Скопје, каде им беше кажано: Прво реформи, па пари и напредок кон ЕУ.
Во меѓувреме губиме позиции зад геополитичките интереси и централноста на Украина, која ќе избие пред нас.
Ама важно Маричиќ денес пак со истата мантра: Прво Уставни, па ќе ги решаваме проблемите со судството и корупцијата.
А кој ви бранеше во овие 7 години да решавате проблеми со судството и корупцијата?!
Опозицијата или вашите криминални и коруптивни интереси.
Срамота е после речиси два мандата допрва да се вадиш само на уставни промени, а дома ништо не си сработил, туку напротив, и си влошил“, констатира Мицковски.







