Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски добил две понуди од телевизиски куќи за да учествува со лидерот на владејачката СДСМ, Zoran Zaev, во ТВ дуел.
„Јас и двете понуди за ТВ дуел со задоволство ги прифаќам, затоа што не бегам од соочување и не бегам од вистината, а Заев е тој кој е должен да одговори и да се соочи со фактите кои се одраз на вистината.
За мене принципите и вредностите се тие кои треба да го движат општеството, а нема вистина без принципи. А народот ја чека вистината на повеќе прашања“, напиша Мицкоски на Фејсбук






