„Кутар Бектеши, го одраа од Антикорупциска, ќе мора и за вработувањето на жена му, како и за она на сестра му“, да плати глоба од 500€.
Фејсбук статус на новинарот Ивор Мицковски по веста дека сопругата на актуелниот министер Крешник Бектеши, Улка Каба Бектеши, се вработила на местото Виш соработник за изработка на проекти во Секторот за изработка на проекти и комуникација со невладините организации.
Пред две години, и сестрата на Бектеши беше вработена во една енергетска компанија, по што во јавноста имаше бурни реакции.
Бектеши, тогаш тврдеше дека не ургирал, туку дека сестра му сама се вработила.
Реагираше Антикорупциска, која поднесе прекршочна пријава до министерот, заради судир на интереси, по што Бектеши плати казна од 500 евра.







