„Преку 60 мртви во пожари, десетици и десетици милиони материјална штета, технички сервиси оставени да работат после докажана хаварија, држени во фиока случаи од страна на одговорни министри, серија на сомнителни пожари во институции и за ослободување на плацови за градење, и ниту еден, еден единствен одговорен.



Абе, Пошта ја запалија уништувајќи културно наследство, и никому ништо.

За чин кој пред 70 години човек би бил прогласен за народен херој, глумат правна држава и одговорни институции, реагира новинарот Ивор Мицковски на Фејсбук.

„Лани додека гореше државата и шуми отидоа неповрат си се ладеа на море, а ги немаа оспособено ни тие три ертрактори.

Да, никој не треба да зема правда во свои раце, ама разбирлив е гневот од институционалната и политичка хипокризија и неказнивост.

Се е утнато и промашено во државава од овие сервилни политиканти“, пишува Мицковски.