„…Заклучокот е прост и за Германците. Ослободување на институциите немаше и тешко ќе има.



Одговорност за минатите криминалите нема, а за актуелните уште помалку.

Македонија не е парламентарна демократија, туку партиско-етнички октроиран систем каде секоја лигава или насилна креатура ќе биде инсталирана во власта и моќта или толерирана во криминалот“, пишува на Фејсбук новинарот Ивор Мицковски по текстот на Франфуртер Алгемајне Цајтунг (ФАЦ) насловен „Милтиетнички грабеж“.

„Впрочем, погледнете кој се е дел од пошироката коалиција, да не збориме само за ДУИ.Власта прави и нешто пострашно од отворениот режим на Груевски. За разлика од гласниот автократизам и конфликт со критиката, она тивко си ја преземе секоја власт и сите општествени чинители, додека не става на кур никој надвор од својот тесен круг“, пишува Мицковски на Фејсбук.

https://www.facebook.com/ivor.mickovski/posts/10158961648566042