Мицковски: Еве што слават Ахмети и Груби денеска со 100.000 евра!

„Денес Груби и Ахмети со народни пари, некои 100 илјади €, со пејачи од Албанија и Косово го слават Рамковниот.



Договор кој се почитува селективно и еднострано, кој дозволи мајоризација врз мнозинското население, кој на ДУИ им овозможи партиска клиентела од 100 илјади, партиски министерства, локална власт, доминација во министерствата и Влада, криминални етничко стратешки инфраструктурни проекти во висина од 2 милијарди, контрола над Судството, загарантирана правна неказнивост и политичка неодговорност.

Платено со наши пари, овозможено од наши криминални политичари.

И после ќе имало национализам, па само тоа му остана на овој мизерен народ, Македонец или Албанец“.

Фејсбук статус на новинарот Ивор Мицковски