Пресмешни се европските предупредувања за изолација, реагира новинарот Ивор Мицковски на заканите од евро-министрио кои „во тројки“ дојдоа, а и најавија дека ќе доаЃаат во Македонија, за да ја убедат/заплашат овдешната јавност од користа која ќе ја имаат од внесување на Бугарите во Уставот и – од „сценариото“ кое ќе се случува доколку тоа не се спроведе.
Шаленберг: Или суставни измени или…
„Никогаш оваа земја немала поголема дискрепанца помеѓу надворешната позиција и внатрешната реалност.
Народот, напредокот и иднината на луѓето дома е во перманентна изолација.
Се нема пари, се нема слобода, се немаат можности, се нема правда, се нема среќа.
Видете го контрастот од нашиот премиер во Вилнус и нашите состојби дома, втори по ужас после разочараниот Зеленски.
Ни горат институции, ни смрди секојдневието, криминал и корупција цвета, 1% од популација има да јаде и да живее, власта фаворизира токсичен бизнис и урбанизација без контрола, партизацијата и негативната селекција незапирливо го уништуваат човечкиот капитал, ги губиме и она малку пари на погрешни инвестиции, луѓе и одлуки.
Четврт држава е во Хрватска да заработи нешто за зимата, друга четвртина е избегана засекогаш, останата половина животари во депресивна средина.
Не не’ је*ете со изолација, ние секоја година сме се поизолирани дома затоа што фаворизирате и толерирате коруптивни и криминални коалиции кои немаат ништо да понудат, освен сиромаштија и селење.
Изгуби смисла и ЕУ напредокот, кога служи само за геополитички цели и големи слики, а нашите ситни животи не вредат пет пари, додека реформите живеат само на хартија.
И кога тоа евентуално ќе бидне, ќе биде за последните што останале нормални и здрави, да побегнат од несреќата.
Така да, џабе не плашите со изолација, ние одамна сме изолирани во главите и во реалноста“ пишува Мицковски.






