Мицковски: ДУИ се наскроз пролупани, нека пратат бригада во Украина ако сакаат навистина да помогнат

Политичкиот аналитичар и новинар И од Мицковски ги анализира последните изјави на лидерот на ДУИ Ахмети поради кои смета дека оваа партија е целосно ,,пролупана” а нивото на деструкција за државата високо.



,,Веќе и Ахмети и ДУИ се скроз наскроз пролупани.
Ахмети во Шипковица ја поистоветил борбата на УЧК против Македонија, со борбата на Украинците против Русија.
Јас сум искрен поддржувач на украинската национална и егзистенцијална борба, ама некои аналогии се крајно несоодветни.
Како прво, Македонија не е надворешен агресор, па уште помалку против самата себеси.
Како второ, УЧК спроведе агресија која претече од Косово во Македонија.
Колку што Албанците биле потлачени во тоа време и имале право да се борат за своите права, толку Ахмети заборава дека повеќе од освоените права станаа господари на државните институции и нови опресори на граѓанското општество и демократскиот поредок”, пишува Мицковски.

Според него некои паралели се навистина надвор од разумот и ова само кажува за очајот во ДУИ и нивното деструктивно дејствување во државата.

,,А што се однесува до поддршката за украинскиот народ, Ахмети е слободен да си ги собере пајташите од институциите и оние што се закануваа со вадење на чизмите од поткровјата и да испратат една бригада до Киев како што тоа го прават Пољаците или Британците.
Нека не остане само на морална поддршка”, пишува аналитичарот за ДУИ.