„Тасевски бил националист, викаат од ДУИ.
Судот кој очигледно е под ДУИ, имал бољи аргументи од Владата.
Целиот случај со М-НАВ била една оркестрирана хистерија и еуфорија“, потсетува новинарот Ивор Мицковски на оние малку „контра-аргументи“, со кои од Мала Речица реагираат за упадот на 8 насилници во Контролната кула на скопскиот аеродром на 4-ти јануари, а разврска и одлука за одговорност за опасниот инцидент треба денеска да донесе Владата.
„Ова не е им прв пат на ДУИ да се бават со лична дискредитација и теории на заговор.
Ви текнува дека пред некое време, односно, секој пат кога ќе излезат индиции за нивен криминал, корупција и непотизам(а тоа е секојдневно), одма влагаат во завери и обвинувања за нацизам, албанофобија и национализам.
Замислете, партијата која уште кокетира со Голема Албанија, со националистички симболи и изјави, со рушење и игнорирање на туѓи споменици и историја, со прифаќање на бугарските нацистички и ревизионистички наративи, обвинува некого на овие теми.
Ама најсмешно е завераштвото.
Тоа е нивното најочајно шоу“, вели Мисковски.
„Партија која држи повеќе од пола држава, сите судови, милион вработени, тотална контрола врз одлуки и политики, тендери, инвестиции, купувања фирми, згради, земјишта и чуда, пак некој друг ѝ е крив и ја мести.
Каков виктимизам и заверашка психоза, од страна на докажани криминалци и непреставителни и силеџиски министри и раководители на ДУИ.
Не знаат ни да се носат со одговорностите на своето незауздано владеење, сакаат само кеш, сила и благодети.
Не оди тоа така дечки, особено ако се залагате за демократија и европски фронтови“, порачува новинарот.