Гафот на министерот за економија Крешник Бектеши кој вчера под притисок од новинарите направи гаф и наместо демократска партија ДУИ ја нарече демократска компанија предизвика дополнителна реакција кај јавноста за вистинската форма и структура на партијата на Али Ахмети.
,,ДУИ е демократска компанија ама за организиран криминал”, смета политичкиот аналитичар и новинар Ивор Мицковски според кого функционерите на ДУИ демократски крадат и лево и десно.
,,Крадат и со режимот на Грујо и со демократурата на Зоќи.
Крадат и од Албанци и од Македонци, крадат струја, гласови, тендери, имоти, згради, министерства, фирми, села и градови.
Плурални и демократски до коска се.
И денес во нашата клиентелистичка средина популарно е да се чуе: Истражете ги!
Истражени се и од американски судови, амнестирани, спасени политички, а потоа и правно од бомбите, еве не може одоговорност да се најде кај нивни директори и функционери ни кога ќе изгорат сограѓани во болница, или кога нивни превозници/финансиери ќе излетаат од пат или ќе се запалат во странство”, пишува Мицковски за ДУИ.
Во меѓувреме 20 години од кога дојдоа на власт ниту еден функционер на ДУИ не е осуден за корупција или криминал иако за многу нивни членови имаше истраги, докази и процеси.






