Мицковски: ДОМ не е ДУИ па да го слушаат!


„ДОМ има шанса прв пат да испадне доследна и да напушти коалиција, пошто ништо од нивни барања и програма не се реализира, или да продолжи да ги чепка ситно СДСМ, од што и двете страни губат“, пишува новинарот Ивор Мискоски по апелите на „зелената партија“ да се престане со горење на отпад од увоз во Дризла и да се спречи планот за изградба на 100 згради за 20.000 жители во скопска Кисела Вода.



„ДОМ во една недела доставува две барања или прашања до власта.
Што се увезува и гори во Дрисла, и наместо 100 згради во Кисела Вода, да се стави зеленило.
Ова го прави коалиционен партнер на СДСМ.
Некој ќе рече профитираат политички, други дека глумат лудило, како и да е, ужасно е да се гледа колку еден мал коалиционен партнер во власта нема влијание или не се слуша на битни теми, без разлика на минатото со Груевски.
Пошто замислете некој од ДУИ да побара нешто, тоа одма станува тема број 1 во државата.
Сакам да кажам, ужасен спектакл на власта.
ДОМ има шанса прв пат да испадне доследна и да напушти коалиција, пошто ништо од нивни барања и програма не се реализира, или да продолжи да ги чепка ситно СДСМ, од што и двете страни губат.
Граѓаните важно ништо не добиваат“, пишува Мицковски.