Новинарот Ивор Мицковски реагира на одлуката на МНР и министерот Биујар Османи кои одлучиле да им доделат дипломатски пасоши на фудбалерите Трајковски и Барди по победата над реперезентацијата на Италија како и на селекторот Милевски…
„Добро бе Бујар, добро бе МНР, ај што докторов нема две чисти у главата, ама има ли некој таму нешто да каже.Како тоа давате дипломатски пасоши на само 2 играчи и селекторот, па уште и министерот ќе кажува дека они тројца биле најзаслужни или дека ако ја победеле Португалија ќе добиеле сите.
Па добро бе има малку здрав разум во оваа земја и нашиве институции.Или се дава дипломатски на сите или не се дава никому.
И зошто вакви тензии и поделби пред клучна утакмица, може ли еднаш нешто да направиме обединети, како држава, како здрав колективитет, без поделби и ниски, празни резони и спрдавања.Најдобро е изгледа ништо да не правите, пошто само штета успевате да направите“,- пишува Мицковски.







