Можат ли граѓаните да штедат кога веќе се ставени на работ на општа сиромаштија додека партиите на власт трошат народни пари и кога не мораат и кога не смеат, е прашањето што го поставува политичкиот аналитичар и екс новинар Ивор Мицкоски.
Тој ја коментира изјавата на министерот за екологија Насер Нуредини од ДУИ кој побара граѓаните да не се греат на огрев кој содржи штетни материи и да штедат затоа што е можно е да нема доволно ресурси за греење престојнава зима.
Мицкоски набројува само дел од скандалите во кои ДУИ не само што не штедеше туку потроши сериозни државни средства што сега не им дава за право да бараат граѓаните да штедат затоа што се веќе истоштени.
,,Што да штедиме бе мајсторе, не остаивте на лушпа од кикирики, оќоревте од крадење 20 години, па уште во овие две-три кризни години, додадовте уште барем милијарда и пол у буџет за лапање.
Тетово го соголевте од апашлук, автопатот Кичево-Охрид го изедовте од провизии, на што кур да штеди овој народ?!
Па само пред месец и пол славевте роденден на тоа квазипартијата, славевте 3 дена и спичкавте 100 илјади евра.
Алоо, имате Рамковни кои се отселиле од државава и уште примаат плата.
Ви дадоа министерство за вработување партиски кадри и зграда од 20 мил. евра.
На ПИОМ му ебавте мајката и уште стои вашата дупка од 19 милиони евра.
Запаливте, буквално запаливте 2-3 државни институции, а ти кажуваш народот да не се греел со штетни материи.
Ма идете лечете се бе…”, пишува Мицкоски до ДУИ кои се на власт од 2002 година.






