Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја коментираше изјавата на Зоран Заев дека СДСМ, партијата чиј лидер е, повеќе не е македонска и упати апел до Македонците да му ја исполнат желбата и својот глас да не го даваат за него.



„Еве, јас денес ја поставувам оваа дилема пред вас, дали можеби треба македонското гласачко тело овој пат да му ја исполни желбата на Зоран Заев и овој пат да не биде доминантно гласачко тело кое што ќе излезе на тие избори и ќе гласа за СДСМ.

Но, тоа е до македонското гласачко тело, до Македонците не само во Македонија, туку и надвор од Македонија. И јас ја користам оваа прилика да апелирам до сите Македонци каде и да се наоѓаат, дали во овие 25 илјади километри квадратни или насекаде на светот, во Америка, Европа, Азија било каде. Ајде да му ја исполниме желбата на Зоран Заев овој пат“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на
конференцијата „Македонската дијаспора – партнер во обновата на Македонија“ што се одржа денеска во хотелот „Стоун Бриџ“.