Мицковски: Али кажа зошто била војната во 2001-ва

„Од сите небулози најјако е дека испадна како најточно дека војната се случила пошто ДУИ не била дел од приватизација“, реагира новинарот Ивор Мицковски на дел од изјавата на Али Ахмети во интервјуто за „360 степени“ во кое рече дека војната во 2001 во Македонија се случила бидејќи од приватизацијата во 90-те Албанците биле тргнати на страна од поделбата на заедничкото богатство кое беше изградено од тогашната социјалистичка држава.



Така бил информиран од поранешни функционери.

Што го деморализира и иритира еден народ? Неправдата! рече меѓу другото Ахмети.

„И види има право чоекот, мирот со криминал и криминална партизација и приватизација се купува“ вели Мивковски.

Откако 20 години се дел од секоја партизација, приватизација, тендер и рекет, мир цути во нашата државичка.

Така бе Али Баба, сите војни за пари се, фала што ни потврди, малце и за територија, некад и за власт, ама се на пари се сведуе“, – пишува новинарот.