„Ова е производ од 20 годишното владеење на ДУИ. Додека зборат за албанофобија и дека се водела нацистичка кампања против ДУИ, ова се производите од нивното гнило владеење. Транспарент: Ќе го исполниме историскиот аманет Скопје да биде срцето на Албанија.“ – реагира новинарот Ивор Мицковски на својот фејсбук-профил.
Мицковски пишува: Да не се чудиме после зошто и нивните квазиопозиционери флертуваат со косовски политичари и знамиња на „голема албанија“.
Имаме сериозен не само криминоген, туку и институционален и политички проблем и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој постојано разгорува меѓуетничка напнатост, или застапува интереси на соседни држави. Сега реагира на искажана изјава на најверојатно утре мнозинска и мандатарска партија, која вели: „Со ДУИ коалиција нема да има!“
Се јавува Бујар, кој ќе потроши 5 милиони за ОБСЕ конференција, а дома шири национален раздор и етничка психоза и вели: Дури постојат ДУИ и Ахмети на Албанците нема да им фали влакно. Чекај, бе, какви влакна и депилации?!
Овде се збори за легитимно право да отидеш во опозиција после 20 години, вие Али Баба и 40 разбојници, а ти збориш дека некој им се заканува на Албанците! Веќе збореше за завери на бизнисмени, па Али се надоврза со наводни нацистички хајки против ДУИ.





