Мицкоски: Знаевме за криминалци, сега е јасно дека се и фашисти

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски јавно се прашува зошто макеоснските власти “Наместо да ја забранат корупцијата и криминалот тие ја забрануваат употребата на терминот “Македонија”.



“Знаевме дека се криминалци, сега знаеме дека се и фашисти.
Македонија за нас е свето име, освен што е наше право, тоа е и наш долг”, пишува Мицкоски откако се откри дека министерството за правда не дава да се користи името Македонија поради Преспанскиот договор.

Во пораката Мицкоски ги користи хаштазите:
#МакедонскаПролет
#ОдговорностЌеИма