Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, ја коментираше одлуката на Уставниот суд кој најавиу дека ќе ја оценува одлуката на екс претседателот Ѓорге Иванов за повлекување на аболицијата на педесетина луѓе и изрази мислење дека тоа е „изборна стапица“ со цел да се заборави на „она што е вистински актуелно, а тоа се десетиците коруптивни и криминални зделки кои остануваат не само неказнето, туку за кои нема ниту истраги, како кеш, вирус, рекет 1 и 2, набавка на хелкоптери, тепање на вработен во општина од градоначалник,



„Кога станува збор за аболицијата како принцип, и особено што на чело на Владата имаме некој кој веќе поминал низ тој процес и е аболиран, ќе кажам дека сум човек кој не верува и не поддржува аболиција, особено што целата оваа дебата ми личи за подготовка на терен за некоја идна аболиција на Заевци и луѓето од власта кои се плашат од одговорност за аферите сега, како и еден вид закаснета испорака од власта за услуги кај дел од луѓето, добиени за чекорите превземени во изминатите месеци. Иако сега власта ќе крева прашина, ќе создава вештачки непостоечки теми и хипотези, и ќе истакнува колку тие се против, сепак останува фактот дека ова е тема која единствено им одговара на Заев и СДСМ“, напиша Мицкоски на фејсбук.