Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во колумна за мкд.мк со анализа на состојбите во Македонија испровоциран од скандалот со руските шегаџии кои го измамиле премиерот Заев.
“Криминалот е едно а менаџирањето со стравот е друга категорија. Па така главна тема станаа бизнис шемите на Кики, Коки и Фрки, ама новинарите можеби со право се плашат да пишуваат со реални имиња, зошто сатарот на власта може да проработи, а овие бели мечки од власта мора да останат недопрени, барем додека тие се на власт, за после, после друга приказна.
Но, за разлика од Заев, јас мислам дека рибата мириса од главата и изворот на таквиот криминал е токму од врвот. Заев стана единица мерка за криминал. Но едно е сигурно дека Заев неповратно ја фати удолницата од која нема враќање.
Поразот е неминовен. На тој пад без враќање има само две непознати. Првата е за колку месеци ќе следи падот, а втората колкава ќе биде штетета која ќе ја направи до крајот.
Меша Селимовиќ вели човек се навикнува на секоја смрдеа, ама не секоја е поднослива.
Овдешнава е таква, неподнослива, заразна, окупирачка, нахална, што секој здрав организам го повикува на отпор кој неминовно ќе донесе победа, а изгубената држава ќе биде вратена на народот.
А после таа победа ширачите на реата, и оние свесните кои се дел од истиот апарат и прашуваат што потоа, ќе кажам дека нашиот народ вели тоа што си сеел тоа ќе жнееш”, пишува Мицкоски во колумната.
Целата колумна на мкд.мк на овој линк





