Мицкоски за Меџити: Срамота е тоа што го искоментира, тој е министер за здравство а не за циркус

„Срамно е тоа што го коментира министерот за здравство, бидејќи тие луѓе се борат да преживеат. Тој е министер за здравство, а не министер за циркус за на тој начин да коментира“, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање.



Тој му порача на министерот Меџити, како што рече, да си ги прибере луѓето кои бараат провизии по веледрогерии.

„Имам совет да си ги прибере луѓето што ги има пуштено по веледрогериите и во негово име бараат провизија од тие веледрогерии кои соработуваат со Министерството за здравство. Идната Влада ќе се позанимава со индициите и доказите со кои располагаме” вели Мицкоски.

Министерот пациентот кој бара лек го нарече шоумен.

Игор Пехчевски му врати на Меџити дека ако не се извини ќе добие тужба.