„ЕЛЕМ го копа нашиот јаглен и го продава на ЕВН за 37 евра, ја троши нашата вода и ја продава за 37 евра, а можеше да ја продаде во Унгарија за 237 евра и да субвенционира во сметките на граѓаните наместо да субвенционира во џебовите на неколку компании кои моментално даваат услуги дали за обезбедување или некој друг тип услуги во ЕВН како што е онаа позната агенција за обезбедување од Струмица“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во синоќешната дебата на ТВ21.
Тој вели дека така ќе биде и цела следна година.







