Мицкоски: Само во Боливија и во Македонија пратеници читаат изјава пред бел ѕид (ВИДЕО)

Пратеникот Кастриот Реџепи беше наместен пред бел ѕид и му беше даден подготвен текст кој требаше да го прочита за да ја увери јавноста дека тој не бил спречен од власта на Зоран Заев да дојде на седницата на која требаше да се гласа недоверба на владата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното издание на емисијата „Топ тема“.



Тој вели дека таквиот чин уште еднаш го потврдил тоталитарниот режим кој владее во земјава и со кој Заев сака да продолжи да владее.

“Такви изјави се снимаат во земји како Боливија кога јасно се знае дека некој пратеник или политичар е уценет и киднапиран од одредена политичка структура. Згрозен сум од тоа што се случи во четвртокот. Тоа е грубо нарушување и прекршување на демократијата во земјата, односно уште еден доказ за хибридниот режим кој речиси пет години владее во Македонија”, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во интервјуто Мицкоски вели дека не исклучува повторно да се соберат 61 потпис против владата но не гарантира дека повторно нема да има “колумбиски методи ” во разубедување на пратеници.

Видео од интервјуто

https://www.facebook.com/TVTelma/videos/295576578961198/