Мицкоски за градоначалничката Данела: Не сум психијатар… (ВИДЕО)

„Данела позади која застана ВМРО-ДПМНЕ победи на избори. Јас како човек сум застанал позади карактер, па не сум на крајот од денот психијатар за да можам да проценувам карактери, па дали се тие со вакви или такви склоности, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ во интервју за А1он.



Тој оцени дека градот Скопје во минатото имал многу подобри градоначалници од Данела Арсовска.

Тој ја прокоментира изјавата во која Арсовска вели дека треба да се побара оставка од „Мицкоски, шпицниот градоначалник“.

„Непријатно е да ги слушате овие работи, бидејќи сепак треба да се има едно човечко достоинство, да бидете пред се дама, да бидете мајка, да бидете сопруга, педагог и така и да се однесувате.

Повторно уште еден бесплатен совет до госпоѓата Данела Арсовска да се задржи на оние принципи на кои што сум ја учел во времето на кампањата и во тој период, да биде дама, да биде госпоѓа, да биде мајка, да биде сопруга, да биде посветена на работата. 

Ова што сега го гледаме е спротивно на тоа“ рече Мицскоски.