Мицкоски за Георгиевски, Бучковски и Заев: Колку е силна Македонија со ваков срам од премиери

Се прашувам колку ли само силна е нашата Македонија кога ваков срам од луѓе ја воделе/водат, биле и сѐ уште се премиери.



Ова прашање испровоциран од последниот предлог на Љубчо Георгиевски го поставува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по сите постапки на актуелниот и предходни двајца премиери во врска со компромиси за националниот идентитет

“Глава горе Македонци, најдоброто време допрва доаѓа. Заедно со народот ќе ја направиме Македонија горда повторно!”, пишува Мицкоски кој ги користи хаштазите
#ИднинатаЕНаша
#МакедонскаПролет