Мицкоски за 1ТВ: Заев го надмина Ал Капоне, Прибе кажа каква држава е Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во емисијата „Печат на неделата“ на ТВ1 кажа дека заевизмот донесе заробена држава.



Имено, Мицкоски истакна дека според Прибе ова што се случува во Македонија е класичен пример на заробена држава.

“Според Прибе точно се опишува заробена држава и тоа што нас ни се случуваше ден два пред да се случи гласањето во Парламентот е класичен пример на заробена држава”, изјави Мицкоски.

“Зоран Заев формираше влада, тим. Таа влада позади себе имаше програма и ветуваше многу. Но она што го гледаме од Зоран Заев не само што ненаправи ништо, туку ја влоши и дополнително ситуацијата во државата”, појасни Мицкоски.

На скалата на „Транспаренси“, нагласи Мицкоски, сме неколку места подолу на скалата за корупција, дали сме на скалата рамо до рамо со Свазиленд и Танзанија, наместо да се стремиме барем до една Хрватска, Словенија и Унгарија, Словачка и Чешка.

-Можеме да разговараме и за тендерите кои што се прават во четири очи, како претходно се укина Советот за јавни набавки кој што колку толку беше едно тело кое што обезбедуваше транспарентност и мониторинг на целокупната државна апаратура како спроведува тендери. Јас не можам да се изразам да речам се украдоа неколку милиони но ги разбирам, на луѓето им требале тие средства. Таков речник од лидерот на опозицијата не можете да го слушнете, посочи Мицкоски.

Тој нагласи дури дека имаме случка кога фирма во здравство се формира за да добие тендер, а тоа не би му текнало ниту на Ал Капоне.

Христијан Мицкоски, вели дека e време заевизмот да се уништи, а тоа може преку пораз на Заев на избори.

„Победник сум по природа, победник е нашиот претседателски кандидат и заедно ќе победиме и Македонија ќе има жена за претседател“- нагласи Мицкоски.

Мицкоски во тек на емисијата рече дека ВМРО- ДПМНЕ не размислува за бојкот на претседателските избори.

„Јас повеќе се плашам од бојкот и опструкција од СДСМ и ДУИ во вториот круг кога ќе ги видат резултатите од првиот круг. Инаку дали ме прашувате дали за претседателските избори во првиот круг ако се случат истите настани како што беа за референдумот односно имаме гласачи кои што се побрзи спринтер од 100 метра па гласаат за 2.4 секунди или ако имаме излезеност поголема од 100% имаше еден политичар кој што викаше 2.5 не знам како беше и дали тоа ќе го толерираме, нема да го толерираме“ – посочи Мицкоски.

Појасни и дека нема потреба да се бојкотираат претседателски избори, бидејќи така ќе му се зададе првиот и конечен удар на заевизмот. Мицкоски ги повика сите граѓани да го победат заевизмот кој, како што рече, ја зави државата во црнило.

Во врска со случајот 27 април Мицкоски вели:
Ниту во еден момент ние не можеме да се сложиме со тезата дека таму се случувале терористички настани и акт спротивен на Уставот затоа што моментот, настаните што се случиле до тој момент не се зимаат во предвид, а тоа е нелегитимниот избор на Претседателот на Собранието.

Мицкоски потсети дека во многу наврати во минатото кажал дека примена на сила не може да толерира и оправдува но едно е учество во насилство, друго е тероризам и акт спротивен на Уставниот поредок.

“Јане Ченто е повеќе од една година во притвор. Притворот дали треба да биде затвор или мерка за претпазливост”, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Христијан Мицкоски вели дека одредени медиуми ги плаќаат своите новинари на нелегален начин, и му постави прашање на Сашо Ордановски како новинар и колумнист дали би ги свикал органите на прогонот да го испитаат овој случај каде што платат на новинарите дел се исплаќа на рака што е нелегално, а дел на жиро сметка.

“Вие сте човек застапник за правото и правдината, ги читам вашите колумни. Јас имам информација и знам дека одредени телевизии дел од платата на новинарите ја даваат жирално, а дел на рака. Ќе ги повикаме ли ние органите на редот да го истражат”, го праша Мицкоски домаќинот Ордановски.

Мицкоски го потсети својот соговорник на актуелните случувања и политичкиот прогон кој се спроведува во Македонија, напоменувајќи го денешното апсење на малолетници кои се активисти на опозицијата.

“Денеска полицијата апси млади луѓе 17 годишни луѓе, кои што да дел од нив и се активисти на ВМРО-ДПМНЕ, само затоа што напишале графит. И вие ми кажувате за заробена држава. Ама гледам дека вие премногу сте опседнати со Груевски. Требаше Никола Груевски да го викнете во емисија”, констатираше Мицкоски.

Народот тешко живее. Македонија е во пранги. Македонија е заробена држава. Македонија нема реформи во судството. Македонија нема реформи во обвинителството. Ни се случува да ни се преслушкуваат судии и обвинители и месеци потоа да нема разврска. Никој од вас не прашува каде се наоѓаат тие снимени материјали, кој ги поседува, кој ги преслушкува, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „Печат на неделата“ на 1ТВ.

Мицкоски истакна дека јавен обвинител на прес конференција изјавил дека биле преслушкувани јавни обвинители од 2016 до 2018 година, потенцирајќи дека и тогаш и сега министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски.

Сега го откривме скандалот, поминаа неколку месеци потоа каде се материјалите, праша Мицкоски.

Во вечерашното гостување во емисијата „Печат на неделата“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека ни во најлошиот сон не можел да поверува дека македонски политичар може да постигне ваков договор како што постигнал Зоран Заев.

“Јас во неколку наврати договорот со Грицја го нареков капитулација, и тоа е капитулација на македонската нација и македонската држава, истакна Мицкоски”, вели Мицкоски.

Тој посочи дека периодот бил во Брисел каде имал средба со сестринските партии, со многу европратеници и разговарале за ситуацијата во Република Македонија. Имено додаде дека не можел да поверува оти заевизмот до толку ќе земе замав во државата.

“Оние три збора кажувам, заборавам, негирам, земаа таков замав да тоа кое само пред година ипол изгледаше незамисливо, дека некој македонски политичар може да потпише ваква капитулација, рече Мицкоски и додаде:

„За жал двоецот Димитров- Заев, патронот на заевизмот практично успеа да го направи и да ја потпише оваа капитулација за македонскиот народ“, изјави Мицкоски за 1тв.

Целото видео на 1тв