Мицкоски за 11 Октомври: Љубовта кон Македонија ги водела партизаните, нѐ води и нас

Денешниот празник е најдобар доказ дека идеалот за Македонија и патриотизмот е најсилно оружје на еден човек, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во чест на националниот празник.



,,Партизаните, тој 11 Октомври 1941 година, како и нивните претходници револуционери, покажале невиден хероизам да се спротивстават на фашистичкиот и секој друг окупатор на татковината затоа што ги водела љубовта кон Македонија. Таа љубов гори во нас и нема да дозволи никој да се пазари со националните и државните интереси.

Нека е вечна славата и споменот на сите знајни и незнајни борци за Македонија.

Нека е вечен празникот 11 Октомври.

Нека е вечна Македонија”, порача Мицкоски од алејста на великаните во Прилеп каде што положи свежо цвеќе.

Изјавата на Мицкоски дадена во Прилеп

https://fb.watch/g538Xrz-qU/