Мицкоски во Маврово Ростуше: Река ќе одбере промени, само така победува Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на средби во повеќе населени места во општина Маврово Ростуше.



,,Вечерва на состанок во победничко Маврово Ростуше, на состанок во општинскиот комитет. Река и Маврово ќе одбере промени и нова иднина, само така ќе победува Македонија!”, објави Мицкоски по средбите.

Во општината Маврово Ростуше во два наврати последователно пропаѓаат локалните избори затоа што нема доволен одзив од гласачите.

Овој регион се соочува со страшна миграција кон европските држави пред се Италија поради што нема доволен одзив од најмалку 30 % од гласачите.

Следните избори се закажани за 20 август кога се присутни и печалбарите со што постои шанса изборите за градоначалник и советот на бидат успешни.