„Нормално дека не. Но три – четири години потоа сведоци сме сите дека тој успеа да регистрира политичка партија под името „Десна“. И сега прашањето е кој му помогна“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во синоќешното гостување на „360 степени“ на МРТВ.
„Мицкоски додаде дека јавноста и луѓето кои што се во политиката точно знаат кој му помогна на Љупчо Палевски во собирање на потписи за регистрирање на партија.
Погледнете ги потписите на лицата кои што се потпишани и ќе го добиете одговорот“, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Палевски е партиско полициска инсталација која нанесува само штета на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувајќи одредени теми.
Доколку ги следите неговите ставови поврзани со одредени теми и доколку се вратите наназад во неговото минато како претседател на градската организација на СДСМ, јас пак можам да дојдам до поинаков заклучок, дека тој претставува партиско полициска инсталација. Не верува во тоа што го кажува и ги злоупотребува темите за да нанесе политичка штета на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ.






