Мицкоски: Власта за еден квартал успеа да го зголеми долгот за 400 милиони евра

За 400 милиони евра е зголемен државниот долг во првите три месеци од годинава, а јавниот долг за истиот квартал е зголемен за 422 милиони евра и тоа во време на криза, алармира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него, власта не знаела да се справи со кризата, а за тоа е доказ лошото менаџирање со народните пари. Згора на се, додава Мицкоски, граѓаните тонат во сиромаштија, а задолжувањето ќе го плаќаме ние, нашите деца, и за жал неродените деца.



Покрај лошата финансиска состојба во државата, Мицкоски вели дека Владата потфрлила и со реализацијата на капиталните инвестиции. Иако, Владата за догодина предвидува 795 милиони евра за капитални инвестиции, сепак нивната реализација изминативе години секогаш потфрла и е многу помала од првично планирано.

– „Предвиделе капитални инвестиции од 49 милијарди денари. Оваа година предвидуваа најпрвин 38 милијарди денари, за да со ребалансот намалат на 32 милијарди, а заклучно со првите 10 месеци од годината со 31.10 успеале да реализираат 14 милијарди. А, вас ви вели овде градоначалникот дека реализирале 75% од капитални инвестиции, така работи ВМРО-ДПМНЕ. А, така краде СДСМ. Ете тоа е разликата меѓу овие политички измамници и луѓе кои што навистина си ја сакаат државата и народот и сакаат нешто да направат“, нагласи Мицкоски.

И дојдеа опозицијата критикува дека економската состојба не чини, Владата за 2023-та превидува проекции за економски раст од 2,9% и дури 4,6% во следните години. Сето ова се случува во време кога Светската Банка предупредува дека земјава е на работ на рецесија.