Мицкоски: Власта спрема избор на претседател во Собрание!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, повика да се излезе и да се гласа на изборите во недела бидејќи, како што рече, власта подготвува сценарио да не се постигне цензус за да се избере претседател во Собрание преку уставни измени.



„Во изминатиов период се погласно и се поотворено се зборува од страна не власта наместо граѓаните претседателот да се бира во Собранието. На овој начин изборот на претседателот ќе се сведе на трговија со услуги наместо да биде изразена волјата на народот“ вели Мицкоски кој потсетува дека се знае кој има мнозинство во Собрание.

Извор: „Фокус“.