Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека е против намерата на власта да се прогласи кризна состојба поради енергетската криза и смета дека зад тоа стои друг интерес.
„Енергетската криза и справувањето со нејзе повеќе наликува на народната со штурецот кој си свиркал и кога дошло времето само останал гладен и не се подготвил за зимата.
Така и власта, како штурецот, се обидува на мала врате да протне состојба на енергетска криза за да може повторно да си склучува договори во 4 очи и да краде.
Таков еден пример ни се случува изминативе 4 години со тендерот кој беше во 4 очи, а тоа е набавка на битумен за едно јавно претпријатие, каде што цистерната според пресметката која што комисиите во партијата ја направија чини фантастични близу 12.000 евра, а пред неколку недели сами ЈП Улици и патишта во Скопје сличен таков материјал набави за 11.000 евра помалку односно 1.200 евра, рече Мицкоски.
Според него, затоа се бара оваа кризна состојба за да можат во 4 очи да купуваат електрична енергија, мазут да се носи по регионот и да се нудат проценти.
Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека партијата прво ќе се побара власта да одговори каде се потрошија парите под превез на енергетска криза, па потоа да се бара прогласување на нова.
„Да видиме колку тендери се потпишани во 4 очи, колку пари отидоа за ископ во РЕК Битола, колку пари отидоа за мазут во Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино, колку пари отидоа за поддршка на ликвидноста на поранешно ЕЛЕМ, за да набавува електрична енергија. Прво да се види каде отидоа народните пари, а потоа да зборуваме за поддршка за следната условно кажано кризна состојба“, истакна Мицкоски.







