Мицкоски: Власта „на лажичка“ им ветува олеснувања на граѓаните

Осврнувајќи се на новите владини мерки, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека најавата за викенди без ДДВ е само уште една лага на власта.



„Денеска гледаме како на лажичка повторно им се ветува на граѓание дека всушност нема тоа да бидат четири викенди (без ДДВ) туку тоа ќе биде еден викенд и тоа ќе биде во месец октомври, оној празничен викенд помеѓу 10-ти и 13-ти октомври.

„Септември помина за кога ги ветуваа четирите викенди без ДДВ, а денеска гледаме како на лажичка им се ветува на граѓаните дека само 1 наместо 4 викенди ќе се купува без ДДВ и тоа празничниот викенд. И нема да биде без ограничување како што ветуваа, ниту пак со намалени цени. Ќе има ограничување до 30.000 денари“, рече Мицкоски…

Триесет и една мерка понуди денеска Владата како дел од четвртиот пакет мерки за поддршка на граѓаните и на компаниите поради кризата предизвикана од пандемијата со ковид-19. Вкупната вредност на овој пакет изнесува 470 милиони евра, а заедно до сега со другите три пакети помошта надминува една милијарда евра, соопшти денеска на прес конференција премиерот Зоран Заев.