Одговарајќио на новинарско прашање што мисли за предлогот на министерката за правда Рената Дескоска да се скратат парите за политичките партии сега во време на кризата со коронавирусот, лидерот на Христијан Мицскоски рече дека се согласува.
„Да, добро е да се грижиме за средствата да останат во буџетот и да бидат вистински наменети – рече Мискоски според кој намерата на Дескоска била поинаква.
„Но, исто така сакам да ја мотивирам, да ја охрабрам нејзе, нејзиниот зет за сестра кој има сериозно високи примања и останатите функционери во владата, министри, заменици, држани секретари, именувани и избрани лица, во периодот додека им трае мандатот, од денеска па натаму да работат про боно, да се откажат од високите плати, да се откажат од илјадниците евра хонорари, надоместоци, да се откажат од привилегиите во основ на репрезентација, да се откажат од луксузот во кој уживаат.
Ајде да ја видиме Рената Тренеска Дескоска и да ги видиме останатите именувани и избрани функционери на СДСМ еднаш во овие дваесет и девет години независност на државата да се стават над сопствениот и партискиот интерес, да се стават во функција на државата и да се откажат, да работат про боно. Како што сите ние работиме про боно за интересите на државата.
Ја повикувам да се охрабри, а јас кажувам дека министрите и оние коишто ќе бидат дел од таа владина седница кога таа ќе го даде овој предлог ќе ја подржат“, рече Мицскоски.






