„Уште утре да го затворат клубот „Цар Борис“ во Охрид и да се укине регистрацијата на тој клуб, бидејќи тој клуб, очигледно и јасно ни е на сите, носи име на фашистички соработник. Односно, да бидам по прецизен, нацистички соработник, за време на Втората светска војна, иЗјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој одговори на прашање во врска со најавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека ќе предложи Владата да го прати Законот во Венециската комисија.
Тој побара Законот за здруженија што поскоро да почне да се применува и порача дека ако власта не знае како да почне да го применува, тој ќе им помогне, додавајќи дека треба да почне со клубот во Охрид.
Законодавецот предвидел рок од три месеци сегашните здруженијата Цар Борис во Охрид и Ванчо Михајлов во Битола да се пререгистрираат.
Мицкоски го критикуваше МНР Бујар Османи дека во последниот период континуирано работи против интересите на македонскиот народ и кој дипломатијата ја сфаќа како удоволување на интересите на сите, а притоа да се загрозат интересите на Македонците.
За време на посетата на Софија Османи изјави дека ќе и предложи на владата да го испрати неодамна усвоениот од Собранието, Закон за фондации и здруженија, на оценка до Венецијанската комисија.
Интересно, на средба со поранешниот премиер и сегашен лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов порачал дека Македонија треба да ја одложи пререгистрацијата на бугарските клубови Ванчои Михајлов и Цар Борис.
Министерот за правда Никола Тупанчески, пак, рече дека добро е да се бара мислење од Венецијанска комисија, но дека е пожелно тоа да се оправи пред донесување на Закон.







