Мицкоски упати замолница до Владата да седнат на иста маса и да договорат датум за изборите

Власта и опозицијата никако да се усогласат во која работна група ќе се договара датумот за изборите. Откако премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, вчера на ВМРО-ДПМНЕ и порача да делегира претставници во работната група во министерството за правда која работи на измените на Изборниот законик, а каде, според него, би се договарале и датумите за изборите, лидерот на опозицијата. Христијан Мицкоски, денеска му одговори дека тоа не е работнатата група која треба да договори датум за изборите.



Мицкоски денеска упати замолница до Владата да седнат на иста маса и да договорат датум за изборите, но не пропушти да го повтори ставот на опозицијата дека е против два одделни изборни циклуси за претседателските и парламентарните избори, туку тие да се спроведат на ист датум.

За посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен, која утре попладне пристига во поста на Македонија, лидерот на опозицијата со очекување таа да настапи со позиција дека за Македонија нема веќе условен старт на преговорите.
Извор : https://telma.com.mk/2023/10/28/mickoski-so-zamolnica-do-vlasta-da-sednat-na-masa-i-da-dogovorat-datum-za-izbori/