Јас сум сериозно загрижен дека државава е пред прагот на најголемата економска криза од нејзиното осамостојување до денес, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и рече дека и подава рака на владата и дека е подготвен да дојде и да ги презентира својте предлози, пренесе „Плусинфо“.



Дупката во буџетот постојано се поместува, од 1 милијарда и 200 милиони евра за која Заев збореше до пред некој ден, вчера велат дека стана 2 милијарди па ќе слушнете и 3 милијарди евра.

Мицкоски вели дека целта на прес-конференција не е трката по политички поени.

„Податоците до кој дојдов го вклучуваат црвениот аларм. Државата и економијата се лизга од раце. Постојано сум во комуникација со бизнис фелата, со професори, економисти, стопанственици. Без исклучок велат дека состојбите се алармантни.

И ова не го говорам од политички и  политикански побуди, туку фактографски со бројки. А тие се немилосрдни. Таа дупка која што тврдат дека е 1 милијарда и 200 милиони евра не е случајно направена. Она што владата нема да го признае, а сега јасно се гледа од податоците, е дека ние сме биле во сериозна финансиска криза дури и пред почетокот на кризата со корона вирусот. Тоа е така затоа што Владата целиот буџет недомаќински го концентрирала кон слевање на пари за изборен поткуп за изборите кој беа димензионирани во месец април. Поради партиски интереси се пристапило кон кревање на расходите во буџетот, без за тоа да има покритие. Се креваа плати за да се корумпираат целни групи, се делеле бонуси, повишоци, вработувања на државна сметка, енормно се зголемува бројот на договорни вработувања, а нема за жал раст кој што сето тоа може да го издржи и да  го покрие. Поради изборите и изборниот поткуп, што би рекол народот ги пуштиле нозете многу повеќе од тоа што ни е долга чергата – рече Мицкоски.

Тој додаде дека за првите два месеци е направен буџетски дефицит, од цели 70 милиони евра. Во месец јануари милијарда и 200 милиони денари, додека пак во месец февруари таа бројка надминува 3 милијарди денари или околу 50тина милиони евра. Значи потрошиле 50тина милиони евра повеќе отколку што собрале во буџетот. За тоа време направено е ново задолжување од 250 милиони евра и ли некаде околу 15 милијарди денари. За волја на вистината околу 9 ипол милијарди се обврски кои што треба да сервисираат евро обврзница издадена во минатото, но, затоа пак останатите 4 милијарди 300 милиони денари се практично обврски кои што ги создала оваа влада во месеците јануари и февруари и таа мала ликвидност која што постоела во буџетот ја потрошиле предизборно со една цел а тоа е обид за поткуп на различни целни групи.

„Не се мислело за до крајот на годината, бидејќи изборите им биле пред и над се. Да преминам на суштината и најважното за денес. Во ваква една ситуација видливо е дека владата нема стратегија, ниту одржлив план. И не е ова време кога политички треба да се пресметуваме или докажуваме. На народот му е преку глава од обвинувања и политиканство, на народот му треба сигурност и здравје. Да е сигурен дека се има план и му требаат луѓе на кои што може да им верува“ вели Мицкоски, како што пренесе „ПЛусинфо“.