„Повеќе се плашам за бојкот од СДСМ и ДУИ во вториот круг, откога ќе ги видат резултатите во првиот. Веднаш по поразот на претседателските избори СДСМ сакала-нејќела ќе мора да оди на предвремени парламентарни избори“, рече Христијан Мицкоски во синоќешното гостување на 1ТВ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека оваа партија нема да бојкотира и дека очекува масовна поддршка за кандидатката Гордана Силјаноска Давкова, пренесува Фокус.





