Вечерва во емисијата 360° на Алсат М гостин е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според најавата Мицкоски на власта и другите опозициски партии им предлага составување на парламент со 90 пратеници кој би се бирал со една изборна единица.
,,Со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, разговараме за политичката оправданост на барањето за предвремени избори, за иницијативата за укинување на т.н. пржинска влада, трендовите во јавното мислење, перформансот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и меѓузависноста со тајмингот на следните парламентарни избори, односите со Бугарија, случајот со купопродажбата на земјиште за потребите на „ЕВН електрани“…
Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат”, стои во најавата на 360 степени.





