Во синоќешното гостување на ТВ21, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати изнесе свое мислење но и апел до владата како да се надмине енергетската криза која набрзо ќе стане и финансиска.
„Факт е дека не чека енергетска криза која се претвора во финансиска“, истакна Мицкоски, и потоа додаде:
„Јас веќе ги советував ама не ме послушаа. Еве ги советувам сега властите – итно барајте пари, затоа што пари ќе нема. Или ако ги има, ќе бидат многу скапи“, рече Мицкоски во студиото на ТВ21.






