Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денешниот протест организиран на Денот на македонската револуционерна борба:
„ Прво, Македонија мора да отпочне преговори со ЕУ час поскоро тоа е нашата единствена иднина. ВМРО беше создадено за таа европска иднина. Македонија даде илајдници жртви против фашизмот и комунизмот.да не се заборави тоа ниту пак улогата кога се распаѓаше Југославија, бегалците на кои им отворивме врати, на нашите војници во светот. Македонија е браникот во кој се бранеше Европа од мигрантските бранови. Македонија дала и секогаш дава за Европа … Вистинско време е и Европа да му даде на овој народ иднина без никакви уцени и условувања“ , порача Мицкоски.
На соседна Бугарија ѝ порача:
„Увререн сум дека и вас не ви требаат понижени соседи. Со мафијашка структура на власта на Заев не можете да се договорите, зашто тој го менува мислењето по неколкупати на ден“.
Третата порака се однесуваше на Гоце Делчев и македонскиот јазик.
„Доколку навистина биде признаено и прифатено дека Гоце Делчев во регионална смисла е Македонец, а по нација Бугарин, дека нашиот јазик е лингвистичка форма на бугарскиот, тоа ќе значи асимилација на македонската нација и сериозен удар врз државата. Ако тоа Заев го преточи во одлука. Таа одлука веднаш ќе ја поништитем кога ќе дојдеме на власт и ВМРО-ДПМНЕ никогаш во иднина нема да ја почитува, порача Мицкоски.






