Мицкоски: Следува разобличување на (полу)тајните партнери на СДСМ

Реакција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на пресудата против СДСМ со која оваа партија и формално во судски случај е прогласена за клеветничка.



,,И со вака исклучително заробено судство, со исклучително ниска доверба, вистината не може да се заобиколи, а лагите да бидат премолчени.

Канонадата на клевети, лаги и измислици од СДСМ и останатите нивни јавни, полутајни и тајни партнери, доаѓа време да се разобличи.

Инстант клеветите и невистинитите афери нема да им донесат кариера на инстант залутаните во политика. Ова значи дека сме на вистинскиот пат, се до конечна победа! Колку тие пониско удираат толку ние повисоко се креваме!”, порачува Мицкоски.