Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вели дека изјавата на премиерот Зоран Заев дека во учебниците ќе се брише зборот „бугарски“ пред „фашистички окупатор“ е скандалозна.
Шокантна е изјавата на премиерот Заев. Нека оди и нека им го каже тоа на внуците, синовите и ќерките на луѓето што своите животи ги загубија во Треблинка, притоа уапсени и ставени во вагони од страна на раката на бугарскиот фашистички окупатор. Нека оди на нив нека им објасни кои соработувале, а кои не соработувале.
Шокантно.
Веднаш, при промената на власт, ние не сме талибанци да бришеме историски факти, ќе ги вратиме тие историски факти онакви какви што ги признава светската историја. Тие биле фашисти, ни сме се бореле против тие фашисти. Наместо да бараат да бришеме учебници, треба да дојдат овде и да му се извинат на овој народ“, вели Мицкоски.







