Мицкоски: Шилегов лаже за неговата дивоградба, но времето на одговори ќе дојде

Петре Шилегов не ја кажува вистината за дивоградбата чиј сопственик е тој рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



-Суштинската разлика е помеѓу тоа што има разлика помеѓу надградба, доградба и реконструкција и токму тоа што Петре Шилегов го гради е надградба, вели Мицкоски.

Тој појасни дека има суштинска разлика, има разлика помеѓу надградба, доградба и реконструкција, но тоа не значи дека тој требал да крене уште еден спрат, и токму тоа е надградба, за што има посебна процедура.

-Ако е тоа вцртано во Урбанистичкиот план дека таму треба да биде висината десет метри, а висината на моменталниот објект е седум метри, тогаш вие си поднесувате проект во општината или во надлежната институција добивате за тоа соодветно одобрение, ви ги пресметуваат комуналиите и вие си плаќате за тоа колку чини и вие си стартувате со градба. Тоа е она што сака да каже Наум Стоилковски и тоа е вистината, рече Мицкоски.