Јавното обвинителство донесе резолуција да го отфрли предметот во јавноста познат како „Теретана“, во кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и уште неколку лица се сомничеа дека користеле услуги на фитнес-центар во Скопје и ги прекршиле мерките за заштита од Ковид-19.



Основното јавно обвинителство Скопје издало наредби за обезбедување на видео записите и за вештачење на ДВР-уредите на кои се сочувани видео записите од безбедносните камери во фитнес студиото, а во својство на сведоци биле испитани повеќе лица. Се анализирал целокупниот материјал кој што бил обезбеден и доставен од СВР Скопје…

„Притоа, на прибавените снимки не биле забележани ниту посочените, ниту други лица да ги користат услугите на фитнес центарот спротивно на донесените забрани. Од вештачењето на ДВР-уредите произлезе дека видео записите не биле манипулирани, односно беше потврден интегритетот на податоците на доставените уреди…“, соопшти Обвинителството.​