Мицкоски сепак не се крие како што го обвини Арсовска (ВИДЕО)

На денот кога градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го обвини дека се крие од јавноста лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се појави на интервју во кое зборува и за нападите кој него од страна на Арсовска и за односите со градоначалничката која беше поддржана на последните локални избори од опозициската партија.



,,Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 меѓу другото посочи дека кога заедно со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска тропале на вратата на скопјани но таа во тоа време не зборувала вака за него, мислејќи на вчерашната жестока реторика од говорницата на седницата на советот на Град Скопје.

„Верував дека вонпартиски човек може да биде плус во тоа време. Ценевме дека може да биде додадена вредност, ни беше понудена концептот за модерно Скопје, и денеска тоа ќе го поддржам“, посочи Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, војна, како што Арсовска ги нарече односите со ВМРО-ДПМНЕ, е претежок збор. Мицкоски и покрај конфликтот вели дека сите проекти на Арсовска кои се поврзани за модерно Скопје ќе бидат поддржани.

„Ќе ја потсетиме за тие што ги заборавила, а сето тоа што е спротивно од интересите, ќе бидеме жестоки критичари. Непријатно е да дадам одговор зошто таа реторика, зошто така ме нападна. Можеби вие ќе ја викнете во студиото и ќе ја прашате. За да имате вие подобра емисија, само ви нудам опција да повикате некој од советниците во Град Скопје или веќе поранешните директори“, додаде Мицкоски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зборуваше и за вчерашните напади врз него од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Клик Плус“ рече дека до месец мај,јуни кога имале комуникација со градоначалничката Арсовска проектите биле во прогрес или требало да почнат. Тој исто така посочи дека Арсовска не остварува резултати, но дека проектите „За модерно Скопје“ кои ги ветил пред граѓаните ќе ги исполни.

-Ние се обединивме околу концепт, не се обединивме околу функција и никој од нас не е обединет околу функција. Јас можам сега таксативно да ви ги набројам сите проекти кои што таму некаде до кај месец мај/јуни, додека имавме некаква комуникција со госпоѓата Арсовска, беа во прогрес некако или требаше да почнат. Можам сите да ви ги набројма и да видиме од тоа што е реализирано, што не е да го анализираме сега. Затоа велам дека не сме тука за полититканство, нема да навредуваме, нема да кочиме, само единтсвеното е што го бараме е бидејќи заедно одевме и тропавме на вратите на скопјани, јас говорев на митинзи за проектот „За модерно Скопје“ тоа што сме го ветиле да го исполниме. Затоа велам еве излеговме надвор од политичката матрица, поддржавме кандидат кој во тоа време не зборуваше така за мене, зборуваше поинаку, но во ред еве можеби еве госпоѓата сега го променила ставот за мене, претпоставувавм си има причини зошто и тука нема лутење, рече Мицкоски.

Мицкоски во текот на своето гостувања укажа дека членството на ВМРО-ДПМНЕ се жестоки борци за своите луѓе но и жестоки критичари ако некој ги изневери нивните очекувања.

-ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија во која членството не се обединува поради функции и привилегии. Членството и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се обединуваат поради идеја, веруваат во таа идеја и работат за таа идеја. Тие се толку мудри луѓе и знаат да препознаат искреност, чесност, работливост и тоа го следат. Кај секој еден човек ако тоа го подржат без разлика дали е независен кандидат или потекнува од нашата ВМРО матрица, доколку ги препознаат овие атрибут тие ќе го подржат, а доколку не ги препознаат овие атрибути, ќе го критикуваат и тука нема дилема. Тие се жестоки борци за своите луѓе но и жестоки критичари ако некој ги изневери очекувањата на тие луѓе, додаде Мицкоски.