Само во првите 4 дена од декември ЕСМ ќе купи 23.240 мегаватчасови увозна струја.
„…за само 4 дена во Декември, АД ЕСМ авансно ќе плати околу 6.000.000 евра за увоз на струја.
Дневно, авансно и “херојски” ќе потроши по 1.500.000 € за увоз на струја“, реагира лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мискоски.
„Криминалот и неспособноста на ‘хероите’ во владата за само 27 дена од 7-ми ноември до 4-ти декември оваа година ги чини граѓаните точно 28.719.253 евра.
Нема за студентски оброк но затоа има да се полнат џебовите на “хероите” во владата со пари од народот.
Авансно плаќаат со народни пари за авансно да добијат провизии. Одговорност ќе има, порача Мицкоски.







