За само една година секое четиричлено семејство во Македонија има нов долг од 77.500 денари, пишува во својот статус на Фејсбук лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Како ја завршивме економски 2021 година:
⁃ Приходи во буџет околу 3,55 милијарди евра
⁃ Расходи во буџет околу 4,18 милијарди евра
Разликата помеѓу буџетските расходи и приходи изнесува околу 0,63 милијарди евра или нов долг за македонските граѓани од 630 милиони евра.
Проектираниот бруто домашен производ за 2021 година беше 11,714 милијарди евра што значи дека во годината на локални избори власта го зголемила долгот за околу 5,14%, а секое четиричлено семејство го задолжила за 1.260€ или за 77.500 денари, пишува Мицкоски.







