Мицкоски се сретна со еден од најголемите борци за македонската кауза во светот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретнал со еден од најголемите борци за македонската кауза во светот.



Средбата на лидерот на опозицијата и извесен кандидат за иден македонски премиер со Ицо Најдовски Перин се случила во кабинетот на Мицкоски во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Ицо Најдовски Перин е еден од најактивните македонски активисти кој заедно со своите македонски сонародници од Австралија, Европа, Америка, Канада и други земји досега организирале огромен број донации и проекти за Македонците во Албанија, Бугарија, Грција, Македонија…

,,Срдечна средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ г. Мицковски. Тој вели дека победата на следните избори не е во прашање туку бројот на освоени пратенички места со кои би имал максимално мнозинство во Собранието”, вели Најдовски Перин кој освен што работи на помош за македонците ја води најпопуларната радио емисија на македонски јазик во Австралија на радиото 3ZZZ.